Отворени првите фабрики во индустриската зона кај Валандово

Bez autora
Sep 30 2012

Два производни текстилни капацитети, кои отворија 300 нови работни места и од вчера почнаа официјално со работа, се првите инвестиции во индустриската зона Раброво кај Валандово, во која e предвидено да бидат отворени 50-ина фабрики. Инвестицијата во вредност од 2,5 милиона евра е на македонската компанија „Дока текстил“ и на групацијата ДМИСС. Почетокот на работата на овие две фабрики го означија вицепремиерот и министер за финансии Зоран Ставрески и градоначалникот на Општина Валандово, Николче Чурлиновски, заедно со инвеститорите. Според министерот за финансии, оваа инвестиција е значајна по тоа што се реализира во време на криза во Европа и кога тешко може да се најде пример на отворање нови производни капацитети.

Отворени првите фабрики во индустриската зона кај ВаландовоДва производни текстилни капацитети, кои отворија 300 нови работни места и од вчера почнаа официјално со работа, се првите инвестиции во индустриската зона Раброво кај Валандово, во која e предвидено да бидат отворени 50-ина фабрики.

Инвестицијата во вредност од 2,5 милиона евра е на македонската компанија „Дока текстил“ и на групацијата ДМИСС.

Почетокот на работата на овие две фабрики го означија вицепремиерот и министер за финансии Зоран Ставрески и градоначалникот на Општина Валандово, Николче Чурлиновски, заедно со инвеститорите.

Според министерот за финансии, оваа инвестиција е значајна по тоа што се реализира во време на криза во Европа и кога тешко може да се најде пример на отворање нови производни капацитети.

- Владата и понатаму ќе ги дава најдобрите услови во Европа, најниските даноци, ниска цена за земјиштето и поддршка на локалната власт, а со цел да се реализираат инвестиции и да се отвораат нови работни места - рече вицепремиерот Ставрески.

Сопственикот на „Дока текстил“, Тони Пандев, потенцира дека двата нови производни капацитети ќе обезбедат работа за 1.000 луѓе во текстилните фабрики во општина Валандово.

- Двете фабрики ќе се занимаваат со производство на текстилни производи кои се 100-процентно наменети за пазарите на ЕУ. Во нив ќе се произведуваат на годишно ниво околу 5.000.000 парчиња. Стратегиски партнер е Грција, а производите што се пласираат на пазарите на ЕУ работат за познати брендови, како Strees One од Германија, Verhouse и Assos од Англија - рече Пандев.

Во индустриската зона Раброво во наредниот период ќе бидат отворени уште осум објекти, меѓу кои и капацитети за производство на сончеви колектори, пакувана вода, изолациски панели, урбана опрема, фабрика за конзервирање зеленчук и слично.

Само во инвестиции за објекти во зоната ќе влезат 15 милиони евра.

Ocenite tekst
Komentari
Prikaži više 
 Prikaži manje
Ostavite komentar

Prijavite se na Vaš nalog


Zaboravili ste lozinku?

Nov korisnik